(ФОТО) Кога мажот сака: Најискрена емотивна честитка за роденден на саканата Билјана!

Велат мажите „се тешки“ на зборови, тешко ги искажуваат своите чувства…
Но, не се сите такви, барем Владимир не е таков…
Тој на својата сопруга и сакана на многу необичен начин и го честита роденденот…
Погледнете:
„Чуму ти се пријателите ако не споделиш нешто убаво со нив.
Денес е денот кога е родена мојата поубава половина, мојата слабост, мојот акумулатор кога не ми палат нештата. Мојата вода на сред лето и топла шоља чај на сред кочан ладни Скопски дни. Прегратка за кога си згужван од проблеми, милост за кога те шамара некој надвор. Половина што одамна е моето цело, за кое е тешко да кажеш што се би… само од себе е. Цело што колку год тебе ти било смешно сакаш да ти е гушнато и кога шеташ па и кога мораш да ги дочекаш “нејзините“ ученици да ја поздрават. Кога ќе те искара другарка ти зошто не си ја пуштил, зар морало да ја држиш нон стоп за рака.
Цело со која и младиве можат вода да ни носат.
Ми подари се во животот, од две мали човечиња што ги израсна во ….чиста љубов. Несебично ми даде убавина кога ни најмалце не и беше до шаренила, топлина кога се виткаше од болка, насмевка кога солзи криеше.
Затоа е цело и кога не ми е ни до трунка од мене самиот, цело е и затоа што да ме издржиш мене…тоа е тек научна фантаскита. Имам ја сила ради тоа цело и сега да сменам брзина за да наредните 50 и бидат многу поубави, понасмеани.
Ако имате 2.5 секунди од времето посакајте и среќен ден, ако не сторете го тоа на вашето цело, она и со тоа ќе биде среќна, “таква е шо да праиш“
Одам ја да барам уште едно
“ ајде Бачи…знаеш од кога ме немаш бачено…“


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …