(ФОТО) Тешка судбина – Роберт Шаулиќ: Парализиран оставен од мајка и татко!

После ненадејната смрт на кралот на народната музика се откриваат се повеќе и повеќе „приказни“ најмногу поврзани за неговиот вонбрачен син Роберт, а најновата ја донесе српски Телеграф…
Жената која го исчувала вонбрачниот син на Шабан Шаулиќ ја открила тешката судбина на Роберт…
Роберт Омаљев, првиот син на Шабан Шаулиќ, од раѓање е исправен пред тешки животни искушенија. Роберт е роден парализиран, а неговата мајка не се грижела за него, па грижата ја презела нејзина сосетка, Радованка Каначки, позната во Зрењанин како баба Сека.


Екипа новинари ја посетила 85-годишната баба Сека во Зрењанин, а таа открила детали од односот на Шабан со вонбрачниот син и истакнала дека пејачот се среќавал со синот тајно и долго.

„Роберт е парализиран речиси од раѓање. Мајка му работеше во Германија, па го остави кај татка ѝ во Батајница. Еден ден тетка ѝ одлучила да го донесе во Зрењанин кај бабата на детето, зашто мајка му Нена не праќала пари за издржување. Баш тогаш јас и мојот покоен сопруг поминавме пред куќата каде што живееја родителите на Нена и видовме бебе само на улица. Тој имаше 10 месеци тогаш. Веднаш го земав кај нас, а набрзо дознав дека е синот на Нена. Веднаш се поврзав со детето. Сакав да се грижам за него, но Нена го одведе во Германија. Набрзо го врати и оттогаш е кај мене“, раскажала баба Сека.


Но, таа кажува и нешто што медиумите го нагаѓале и погрешно пренесувале.
„Шабан и Гоца доаѓаа да го гледаат. Одевме во Шабац на панаѓур заедно. Шаулиќ ми подари
златни обетки, овие што ги носам и денес, скапоцени вази. Даваше пари за се’ што му беше потребно на Роберт, а јас го водев во бања Русанда кај Меленац на терапии за да прооди. Тоа беше тежок период. Додека работев во бавча, ќе го врзам за грб Роберт и копам. Но, набрзо прооде, но и ден денес ќопа на едната нога“, раскажала Радомирка низ солзи и додала дека Гоца ѝ понудила 10.000 марки на Нена за вонбрачниот син на пејачот да не се презива Шаулиќ.


„Гоца ѝ предложи на Нена, Роберт да премине да живее со нив, но таа да нема контакт со
него. Нена не сакаше да прифати, зашто сакаше да биде со Шабан. Кога Роберт наполни осум години, Гоца побара од Нена момчето да не се презива Шаулиќ. Им даде 10.000 марки за да го избришат презимето, а Нена прифати и оттогаш го носи презимето на очувот, Омаљев. Со тие пари купија плац, па се разделија. После ретко се гледаа“, вели баба Сека и додала дека Шабан последен пат дошол да го види Роберт во Зрењанин пред десетина години.

„Откако го смени презимето, Роберт и Шабан ретко се гледаа. Ни Санела, ни Илда, ни Михајло не му се јавуваа. Само Шабан се јавуваше од време на време да праша како е Роберт и дали му треба нешто. Доаѓаше тајно за да го види. Така со години, речиси половина живот на детето му помина така. Кога ќе го прашав зошто повеќе не се грижи за Роберт“, ќе замолчеше.

Извор: telegraf.rs

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …