(ФОТО) КИНА ПОМАГА ВО ИТАЛИЈА И ШПАНИЈА: Екипи од стручњаци за коронавирусот ДОАЃААТ на помош и носат медицински материјали!

Кина одговорила на апелот за помош од Италија, но свои екипи имедицински материјал испратила и во Шпанија…
Кина, земјата која е најмногу погодена од коронавирусот, на Италија и Шпанија, како што известуваат светските агенции, со специјален карго лет им испратила помош од 2. милиони маски, 20. илјади заштитни одела, 10.000 апарати за дишење, 50.000 комплети за тестирање…Засега не се наведува за колкава помош станува збор за Шпанија, но сигурно е во рамките на досегашните регистрирани случаи.


Во Италија ќе пристигне и тим од стручњаци за коронавирус кои на италијанските медицински лица ќе им помогнат подобро да се справат со епидемијата.



Инаку, во Италија продолжуваат рестриктивните правила за однесување…


Сите кои се јавуваат од Италија имаат една порака – „да ги почитувавме препораките од владата немаше да дојде до сето ова…“
Сега е на нас ред да ги почитуваме препораките на нашата влада за да не се доведеме во слична ситуација и секако, СЕРИОЗНО да сфатиме дека коронавирусот не е само грип.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА 1 МАЈ: Попладневна изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Истата ќе продолжи и преку ноќта кон 2 мај

Метео прогноза на Славчо Попоски: Како што веќе подолго време најавуваме, утре на 1 мај …