„Андерфест“ со соопштение до фановите!

Во март и април во Скопје беа закажани многу концерти…На 3. и 4. април беше закажано и одржувањето на „Андерфест“…На прашањето дали, поради пандемијата со коронавирус, фестивалот ќе се одржи одговараат организаторите во своето соопштение…

„Драги АНДЕРФЕСТ фанови,
Добиваме прашања за тоа како коронавирусот влијае на фестивалот, па затоа сакаме да ве информираме за состојбата на најтранспарентен начин.
Пандемијата на коронавирус, меѓу сите други аспекти на секојдневниот живот, многу влијае на концертниот бизнис ширум светот. Бидејќи земјите започнаа да преземаат сериозни активности и тешки мерки, ние сме оптимисти дека ситуацијата ќе биде решена во наредните недели.
Бидејќи безбедноста е наш врвен приоритет, многу внимателно ги следиме настаните и во контакт со нашите власти ги преземаме сите неопходни мерки на претпазливост.
Двата дена на UNDERFEST 2020 се закажани за 3-ти и 4-ти април се случуваат според планираното.
Ова е очигледно тековна состојба и ако нешто се промени, ќе ве информираме соодветно. Ви благодарам на сите за разбирањето и за поддршката
Тимот на АНДЕРФЕСТ Фестивал“


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …