Како што пишуваат американските медиуми, ќерката на пензионираниот актер Брус Вилис, Талула, сакала да ја откаже венчавката поради дијагнозата на нејзиниот татко. Меѓутоа, тоа сепак ќе се одржи.
View this post on Instagram
Талула се мажи за режисерот Дилон Бас, а плановите се забрзани за Брус да ја одведе својата ќерка до олтарот.
View this post on Instagram
– Најважно им е тој да биде присутен, но и да е доволно здрав за да ја придружува до олтарот – рекол извор за американските медиуми.
Семејството на актерот неодамна објави дека Брус боледува од афазија, која го напаѓа мозочниот центар задолжен за говорот и следствено ја намалува способноста за разбирање или изразување зборови, читање и пишување.
View this post on Instagram
Поради тоа Брус ја напушта кариерата која толку многу му значеше, напиша ќерката на актерот, Румер Вилис, во објава на социјалните мрежи, а покрај неа се потпишани уште четири ќерки на актерот, сопругата на Вилис Ема и неговата поранешна сопруга, актерката Деми Мур.
Фото: Принтскрин/Instagram