(ФОТО) Изложбата на Зоран Кардула во МИК во Тирана ги собра (и воодушеви) најбитни лица од дипломатијата и културниот живот

Златко Ориѓански прави чуда во Македонскиот културно-информативен центар во Тирана…

This image has an empty alt attribute; its file name is kardula-izlozba.jpg
Бројни гости од Тирана, од јавниот и од културниот живот, дипломати од повеќе земји, од Германија, Јапонија, Велика Британија, од Франција се собраа синоќа во Македонскиот културно-информативен центар во Тирана на отворањето на изложбата на Зоран Кардула. Делата на еден од најреномираните македонски современи уметници, графички дизајнер кој веќе 20 години ја привлекува јавноста со својата естетика и актуелност добија нова потврда на својата вредност, што се манифестираше со реакциите на публиката.


Специјалитетот, крушевски локум и атмосферата со DJ Узун Баба беа дел од автентичноста на вечерта за што се погрижија директорот на Македонскиот КИЦ, Златко Ориѓански и уметникот Кардула. Изложбата ќе биде отворена следните неколку месеци.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …