Почнете да ја консумирате оваа магична смеса наутро и ќе видите резултати
Доколку забележавте дека вашиот организам е успорен, дека имате проблеми со варењето и дека сте се здебелиле, ова е вистинскиот рецепт за вас! Полн е со минерали, влакна, витамини, а воедно е и хранлив и ќе ви даде енергија. Не само што лесно се прави од неколку состојки, туку е и одличен сојузник за одржување на здравјето на вашата коса и кожа.
Потребни состојки:
5 до 7 суви сливи
2 лажици овесни снегулки
1 чаша јогурт со малку маснотии (или кефир)
1 лажица ленено масло
1 лажичка какао
Начин на подготовка: ставете ги сувите сливи во 100 мл зовриена вода и оставете ги да отстојат околу 10-15 минути.
Во друг сад измешајте какао, ленено масло и овесни снегулки. Додадете чаша јогурт (или кефир) и добро измешајте.
Исечете ги сувите сливи и додајте ги во другите состојки. Промешајте сè и оставете во фрижидер да отстои преку ноќ. Наутро ќе имате освежителен и здрав напиток!
Сливите се одличен извор на витамини Ц, А и К, витамини од Б комплекс, но и рибофлавин, ниацин и калиум, магнезиум, фосфор и бакар.
Маслото од ленено семе е богато со омега 3 незаситени масни киселини, витамин Е, антиоксиданси, редок витамин Б17, но и влакна.
Овесните снегулки се многу хранливи и богати со витамини и минерали кои му се неопходни на организмот. Во 78 грама (или половина чаша) овесни снегулки содржат 51 грам јаглени хидрати, 13 грама протеини и само 303 калории.