(ФОТО) На Кристијано Роналдо му починал син: „Ова е најголемата тага што може да ја почувствува еден родител“

Кристијано Роналдо и неговата избраничка Георгина Родригез објавија крајно тажна вест.
Двајцата во октомври ја известија јавноста дека чекаат близнаци, а денеска дека нивниот син починал, додека ќерката преживеала во, очигледно, предвременото породување што се случило.

-Со најдлабока тага мораме да ве информираме дека нашето мало синче почина. Тоа е најголемата тага што секој родител може да ја почувствува. Само раѓањето на нашето девојче ни дава сила да го преживееме овој момент со малку надеж и среќа. Би сакале да им се заблагодариме на лекарите и медицинските сестри за сета грижа и поддршка. Ние сме уништени од оваа загуба и љубезно ве молиме за приватност во овие тешки моменти. Нашиот мал син, бебе … нашиот ангел. Ние секогаш ќе те сакаме.Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез“, се наведува во соопштението што го потпишаа и го објавија на социјалните мрежи.



Кристијано Ронадо од суогат мајки ги има близнаците Ева Марија и Матео, синот Кристијано Роналдо Јуниор а од врската со Џорџиона и најмладиот член на семејството Алана Мартина.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на краткиот анимиран филм „Лисичката плетачка“

Во среда на 6 декември 2023 година, во Музеј на град Скопје во 18:30 часот, …