Кејт Мидлтон избрала црвено
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам посетиле паб во Сохо во центарот на Лондон, само два дена пред крунисувањето на кралот Чарлс и неговата сопруга Камила.
Тие се сретнаа и разговараа со вработените во кафулето кои се подготвуваат за големата прослава на крунисувањето, а таму стигнале со јавен превоз – метро.
За првото заедничко појавување пред крунисувањето, Кејт носела долг светло-црвен капут преку бело миди здолниште. Таа додаде бели салонки и мала, исто така, бела чанта во комбинацијата, која од минатата сезона е се попопуларна на улиците низ светот. Принцот Вилијам носел костум со сина кошула без вратоврска.
View this post on Instagram
Двојката била во добро расположение додека се поздравувала со вработените во рестораните во Сохо. Среде временските извештаи кои предвидуваат дожд за викендот на крунисувањето, принцот Вилијам на толпата собрана пред пабот и рекол: „Ги држиме прстите скрстени за временските услови!“
View this post on Instagram
Подготовките се во полн ек за историската церемонија на крунисување. Во средата наутро, принцот и принцезата од Велс присуствуваа на проба во Вестминстерската опатија со нивните деца принцот Џорџ (9), принцезата Шарлот (8) и принцот Луис (5).
Повеќе од 2.200 гости ќе ја испополнат Вестминстерската опатија за време на крунисувањето во сабота, а важна улога ќе има семејството Велс.
Фото: Принтскрин/Instagram