(ФОТО) КАКВА ТРАНСФОРМАЦИЈА – Жените полуделе по бездомникот: „Ожени се со мене!“

Момците од приватна фризерска академија во Мексико сакале да покажат дека фризурата навистина може да го промени мажот. И според се судејќи – успеале.
Кога сакале да покажат како фризурата го менува изгледот, фризерите се сетиле на млад бездомник. Му се јавиле, а потоа му ја скратиле косата и го избричиле.


Објавата што ја забележала трансформацијата собра две илјади споделувања за само два дена.


А коментарите?
Девојките се јавувале и оставале пораки како што тоа го прават со познатите личности. „Ожени се со мене“, „Дајте ми го неговиот контакт“ … се само некои од нив.
Една од корисничките на Фејсбук напишалса „Сакам да го родам твоето дете“.


Трансформацијата на младиот бездомник заинтригирала многумина, па затоа станал многу брзо популарен и надвор од границите на Мексико.
Ако има среќа, ненадејното медиумско внимание може да му помогне на младиот човек да се тргне од улиците на Апацинџин, како и да најде љубов, дом и работа.


Фото: Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …