(ВИДЕО+Рецепт) „ЛАЖНА“ УНГАРКА: Не бара печење а е превкусна – како вистинската!

Се прави брзо, и секому успева!
„Унгарка“ е многу вкусен колач, но нејзината подготовка не е лесна поради тенките кори што се печат.
Ако ви се допаѓа овој колач, тогаш ви предлагаме полесна верзија, која е исто толку вкусна како и вистинската.
Состојки:
800 мл вода
5 лажици шеќер
250 гр маргарин
200 гр чоколадо за готвење
800 гр бисквити искршени
За глазура:
200 мл шлаг
200 гр млечно чоколадо
Подготовка:во соодветен сад ставете шеќер, маргарин, чоколадо и вода и варете на тивок оган додека не се растопат состојките.
Истурете ги бисквитите во подлабок сад и истурете го со врелиот прелив, и полека промешајте. Потоа префрлете ја добиената смеса во плех и добро израмнете.
Земете мало тенџере во кое ќе го загреете млекото до вриење и додајте го млечното чоколадо додека не се растопи.
Истурете ја глазурата со смесата во тавата и оставете ја во фрижидер преку ноќ да се излади и зацврсти.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …