(ФОТО) Како помина СРЕДНОЛЕНД – ден за средношколците и нивните уметнички креации

 Вчера, 2 мај, се отвори настанот СРЕДНОЛЕНД на Плоштад Македонија кој ќе трае до сабота на неколку локации низ градот. Настанот е во организација на ЈУ Универзална Сала, поддржан од Град Скопје, инициран од деца и професори од средните училишта. Настанот го отвори градоначалничката град Скопје – Данела Арсовска, а присуствуваа и директорот на ЈУ Универзална Сала – Горјан Христовски, еден од иницијаторите Марина Иванова како и професори и ученици од средните училишта.

„Чест и задоволство ми е што денес ја промовиравме новата средношколска манифестација – СРЕДНОЛЕНД, која за првпат се одржува оваа година, а е со цел поттикнување на средношколците да ги претстават своите таленти преку музика, танц, ликовна и драмска уметност, фотографија и филм. Нашите талентирани ученици со поддршката и мотивацијата која ја добиваат од средните училишта на Град Скопје имаат можност да се докажат во повеќе сфери.“  изјави градоначалничката на град Скопје – Данела Арсовска.


„Како институција сме горди што ги поддржуваме младите, тие се иднината и сегашноста на градот, овој настан несомнено ќе ја збогати културната понуда на градот. Како институција сме отворени на сите иницијативи кои ќе бидат во полза на градот“ – изјави директорот на ЈУ Универзална Сала – Горјан Христовски.

По тоа, следеше флешмоб со над 60 ученици, а настанот продолжи со улични свирки на четири различни локации на Плоштад Македонија.


СРЕДНОЛЕНД продолжува денес и утре во Салон 19:19 со театарски претстави и изложба на слики и фотографии во КИЦ Културно Информативниот Центар – Скопје. Во петок на програмата е прикажување на 5 документарни филмови во кино Фросина а настанот ќе кулминира во сабота на „Школка“ во градскиот парк каде ќе се прикажат сите активности од цела недела.

Целосната програма може да ја погледнете на www.univerzalna.com.mk/srednolend.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 18.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Првиот ден од викендот им доаѓа очекувано за повеќето родени во знакот Овен, …