Принцезата Дијана денеска ќе имаше 61 година, а вештачката интелигенција покажа како би изгледала денес
Во саботата, на 6 мај, беше крунисан новиот британски крал Чарлс III, а круната на главата ја стави и неговата втора сопруга, кралицата Камила. И додека низ медиумите и социјалните мрежи кружат фотографии од тазе венчаната кралска двојка, невозможно беше да не се наиде на чест коментар: дека Камила никогаш нема да може да ја замени единствената вистинска кралица – покојната принцеза Дијана!
Иако во моментот на нејзината смрт во 1997 година, Лејди Ди веќе беше разведена од Чарлс, тогашниот принц од Велс, таа сигурно никогаш немаше да ја добие титулата кралица, но Британците едноставно ја обожаваа убавата русокоса и до ден денес ја паметат како најомилен член на кралското семејство во поновата историја.
Јавноста често го споредува изгледот на Камила и Дијана, коментирајќи дека Лејди Ди имала вродена елеганција и отменост во себе и дека и денес никој не може да и парира на нејзиниот моден стил. Во светлината на крунисувањето на Камила, многумина се прашуваа како би изгледала Дијана, која во овој момент би имала 61 година, на таа свечена пригода.
Благодарение на модерната технологија и различните апликации и програми за уредување фотографии, вакво нешто повеќе не е невозможно да се предвиди. На социјалните мрежи кружи „уметничко дело“ од вештачка интелигенција, кое многу сликовито и „живо“ покажува како денес би можела да изгледа мајката на Хари и Вилијам.
View this post on Instagram
На сликата создадена со вештачка интелигенција, таа носи гламурозен фустан од тул со сребрени светки и дијамантски висечки обетки и сè уште ја носи фризурата по која беше позната за време на нејзиниот живот. Нејзиното лице добила неколку брчки и малку се опуштила, но тоа навистина не би променило многу, барем така вештачката интелигенција ги гледа работите.
На оваа тема има повеќе дела од вештачка интелигенција, а на втората фотографија Лејди Ди е нешто помалку елегантна – таа е целосно седа, има далеку повеќе брчки и дамки од пеги на лицето, но ја задржала својата препознатлива фигура.
“COMO SI NADA HUBIERA PASADO”
El fotógrafo Alper Yesiltas usó la inteligencia artificial para recrear cómo se verían hoy grandes personajes como Lady Di, Freddie Mercury, John Lennon o Kurt Cobain si estuvieran vivos.📷 En la foto: Lady Di pic.twitter.com/hi2pAVhGSF
— Memoteca (@memoteka2) October 8, 2022
Фото: Архива