(ВИДЕО+ФОТО) Израелската претставничка важи за најубава на Евровизија, таа сите го воодушевила со својот жежок танц

Во првата полуфинална вечер на Евровизија настапи и претставничката на Израел, 22-годишната Ноа Кирел.
Оваа позната израелска актерка, пејачка и судија во шоуто Israel’s Got Talent многумина ја сметаат за најубавата натпреварувачка, а веќе има обожаватели меѓу другите изведувачи.
Таа со синоќешниот настап ја „запали“ салата во Ливерпул, а на многумина најголем впечаток им остави предизвикувачкиот танц на крајот од песната.


„Дефинитивно мојот победник“, „Песната е одлична, а танцот огнен, исто како што треба на Евровизија“, „Убава е и толку талентирана“, се дел од реакциите на нејзиниот настап.

View this post on Instagram

A post shared by Noa Kirel (@noakirel)


Инаку, Ноа Кирел го објави својот прв деби-сингл кога имала само 14 години, а потпишала договор со Атлантик Рекордс кога имала 18 години. .
Младата пејачка на Инстаграм ја следат повеќе од 1,4 милиони луѓе, со кои ги споделува приватните и моментите од кариерата.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) И’ по смртта донира: Пејачот минатата година донирал два милиони фунти

Покрај бројните уметнички дела, тој го поседуваше и пијаното на Џон Ленон… Поминаа осум години …