Дали туширањето помага да се намали анксиозноста и стресот? Еве што вели истражувањето!

Често копнееме за долго капење по напорниот ден на работа
Чувството на чистота што го носи тушот може да не обземе како свеж бран на олеснување.

Според неодамнешните истражувања, за време на стресни времиња, чинот на „чистење“ може да ја намали анксиозноста што ја доживуваме. Објавено во списанието Social Psychological and Personality Science, студијата опфатила повеќе од 3.000 учесници од Обединетото Кралство, САД и Канада. Истражувачите откриле дека дури и гледањето видео за миење раце ја намалува анксиозноста што ја чувствуваат учесниците кога ја гледаат стресната сцена.


This image has an empty alt attribute; its file name is tusiranje-so-ladna-voda.jpg

Истражувањата сугерираат дека топлиот туш ја ублажува анксиозноста како резултат на топлината што го поттикнува нашиот мозок да ослободува окситоцин – хормонот на среќата, кој пак го намалува стресот. Од друга страна, се верува дека ладното туширање ја подобрува циркулацијата на крвта, што доведува до намалување на стресот.
– Кога ја намалувате телесната температура, вашиот систем реагира со движење на свежа крв. Анксиозноста може да предизвика зголемување на крвниот притисок, па теоретски, ладниот туш може да помогне да се намали. Ладното туширање го зголемува и ендорфинот, односно хормоните за добро чувство во вашиот мозок – пишува Healthline.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници Кога Царот, седејќи на осле, влегол …