Ја гледаме во „Преспав“ каде во секоја епизода ги воодушевува тв гледачите како Јелена рецепционерката и ни ги покажува нејзиниот хумор, но приватниот живот и понатаму е под превезот на тајни, но…
Иако е во брак веќе две години,македонската актерка Јелена Јованова дури сега јавно ги
сподели фотографиите од својата венчавка, исто како и нејзиниот сопруг – договорено…Јелена се омажи во Загреб со колегата Стјепан Периќ со кого се запозна на снимањето на серијата „Тајни“.
На венчавката Јелена носеше едноставна венчаница со потписот на „Кокев“ и уникатен бидермаер.