(ФОТО) Јапонски град го зајакнува туризмот со ангажирање на гејши

Во обид да ја оживее култната традиција и да го поттикне туризмот, јапонскиот град со термалните извори Геро во префектурата Гифу, ја продолжува програмата за вработување на жени во градската администрација, кои се обучуваат како „маико“ (чирак гејша), објави денеска јапонската агенција Кјодо.

 


 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Noon NOOnara (@noon_bunny)


Вработените во уникатниот проект на локалната самоуправа, кој е втор од ваков вид во Јапонија, се очекува да работат како државни службеници, а истовремено да учат да танцуваат, пеат и свират на музички инструменти.
Предвидено е обуката да трае три години, а нови вработувања во рамките на оваа програма ќе започнат во февруари.


Од градската управа велат дека во последните години има се помалку групни посети на местото, па гејшите имаат се помалку можности да ја покажат својата уметност.
Тецуја Томинага, програмски менаџер во одделот за туризам на Гера, истакнува дека историјата и културата на гејшите се важни и треба да се пренесат.

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by 下呂温泉 着物レンタル 〜kimonoto 〜 (@kimonoto_gero)

Во 1970-тите, градот во централната префектура Гифу имал повеќе од 200 гејши и нивни чираци. Но, тој број се намалил, а моментално има само три, вклучувајќи ја и Марика Такемото (23), првата што е регрутирана во програмата.

This image has an empty alt attribute; its file name is gejsa.jpg
Такемото, родена во Токио, е вработена во 2021 година во одделот за туризам на градската управа на Гера.
Таа вели дека е заинтересирана за ревитализација на руралните средини, а преку социјалните мрежи се обидува да привлече туристи во одморалиштето со термални извори, во кое се уште се задржани остатоците од античката историја.

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by A M ⓞ ⓞ ⓞ N (@aq198206)

Како маико (чирак гејша), таа учи бонтон, танц и народни песни. Бидејќи е државен службеник, не смее да забавува приватни групи, но може да настапува јавно.
Со искуството стекнато за време на обуката, таа може да избере да продолжи да работи како гејша по завршувањето на програмата за обука.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што нè советуваат ѕвездите за утре, 22.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот му претстои успешен и активен ден, без разлика дали се работи …