(ВИДЕО) ТАЖНО – МЛАДА ЈУТЈУБЕРКА УБИЕНА ОД ТАТКО И: Не сакала да живее со него, па И ПРЕСУДИЛ, имала само 22. години

Јутјуберката Тиба ал Али од Ирак била убиена од нејзиниот татко, а злосторството предизвикало голем гнев во јавноста.
Тиба била убиена од негјзиниот татко на 31 јануари во јужната провинција Диванија, објавил на Твитер портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Сад Ман.
Полицијата се обидела да посредува меѓу Тиба, која живеела во Турција и била во посета на Ирак, и нејзините роднини за „мирно да го решат семејниот спор“, рекол Ман.
Непроверените снимки од разговорите меѓу Тиба и нејзиниот татко покажуваат дека тој не бил задоволен од нејзината одлука да живее сама во Турција.


Затоа ја убил ќерка си кога дошла дома за празниците. Инаку, Тиба за својот канал на Јутјуб снимала клипови во кои често се појавувал нејзиниот вереник.
Според далечните роднини, Тиба отпатувала во Турција со своето семејство во 2017 година, но одбила да се врати со нив во Ирак.
Нејзината смрт предизвикала негодување меѓу Ирачаните на социјалните мрежи, кои повикале на протести во Багдад за да побараат правда за убиството.
„Жените во нашите општества се заложници на заостанатите обичаи поради отсуството на законски средства за одвраќање и владини мерки – кои во моментов се непропорционални со големината на кривичното дело семејно насилство“, напишала политичарката Ала Талабани на Твитер, пренесува The Times of Israel.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 01.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Овој ден првенствено е наменет за одмор, па потрудете се да го искористите …