(ФОТО) Изводот за родените на ќерката на Меган и Хари открил интересен детал за парот


Американскиот портал TMZ го доби во сопственост изводот на родените на Лилибет „Лили“ Дајана Маунтбатен-Виндзор, ќерка на поранешната актерка Меган Маркл и принцот Хари.
Тоа покажува дека името на Хари сè уште ја носи титулата HRH, или Неговото кралско височество, како и војводата од Сасекс, додека Меган се одрекла од своите титули и покрај името на мајката стои само Рејчел Маркл, што е нејзиното вистинско име.

https://www.instagram.com/p/CQhw8Dnn5s5/?utm_source=ig_embed&ig_rid=570c5676-ba19-4fbc-83f3-44e71ec81288


Меган и Хари се преселија во Калифорнија минатата година, а потоа рекоа дека по напуштањето на кралските должности ќе се откажат од титулата HRH, но Хари не се придржува до тоа.
Инаку, титулите војвода и војвотка од Сасекс им беа оставени на нив, бидејќи тоа беше подарок на кралицата по повод нивната венчавка.

Фото: Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Изложба „Професори и студенти“ вечерва во МКЦ

Младинскиот културен центар оваа година по третпат ја реализира изложбата „Професори и студенти“. Суштината на …