(ФОТО) ИРИНА ШАЈК БЛЕСКА – ГО ПРЕБОЛЕЛА ХОЛИВУДСКИОТ ШАРМЕР: Сега е во врска со еден познат Италијанец!

Ирина Шајк, една од најубавите жени во светот, не тагувала долго откако се раздели со актерот Бредли Купер, а новите фотографии на кои блеска го потврдуваат тоа.
Само пет месеци откако се раздели од холивудскиот шармер, Ирина е „фатена“ со нов маж на една прослава по наградите за најдобри иноватори во Њујорк.
Славната манекенка не ја тргнувала насмевката од лицето поради модниот дизајнер Рикардо Тиши, со кого цела вечер се држела за раце.


Инаку, во јуни годинава, после четири години, Ирина ја прекина врската со Бредли Купер, со кого ја има двегодишната ќерка, Лео Де Сена. Нивното раскинување шокираше многумина, но никој не сакаше да открие која е вистинската причина за пропаѓањето на нивната љубов.
Главниот виновник била Лејди Гага, која глуми со Бредли во филмот „Ѕвездата е родена“, а многумина биле убедени дека љубовта се родила на сетот. Ова го поддржа и фактот дека кратко време по соработката со Бредли, популарната пејачка ја раскина веридбата.


Сепак, според последните фотографии се чини дека на Ирина не и е грижа за тоа, туку е среќна и исполнета.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …