(ФОТО) Холивудски ѕвезди кои Божик слават како и во Македонија!

Некои од најпознатите холивудски ѕвезди Божик слават утре. Додека едни се родени во православни семејства, други слават бидејќи ја земале верата на своите партнери.

Ким Кардашијан. Старлетатата е родена во Лос Анџелес, но по потекло е од Ерменија. Имено, таа е четврта генерација иселеници од Ерменија, а нејзините претци живееле на територија која денес се наоѓа во Турција.


Наоми Кемпбел. Родена е во Лондон, мајка и е од Јамајка, а татко си никогаш не го запознала. Додека била во врска со рускиот бизнисен Владислав Дороњин, Наоми станала верник на Руската православна црква.
Том Хенкс. Славниот актер, чиј татко е далечен потомок на Абрахам Линколн, љубовта го натерала да стане православен. Кога по втор пат се оженил со колешката Рита Вилсон, актерот одлучил да стане православен. Таткото на Рита е по потекло од Бугарија, а мајка и Гркинка со потекло од Албанија.
Џејмс Белуши. Роден е во Чикаго, а неговите родители емигрирале од албанско село недалеку од границата со Грција. Џејмс е припадник на Албанската православна црква и е горд на своите корени.
Џенифер Анистон нашата религија ја наследила од таткото Џон Анистон, роден како Јанис Анастасакис на грчкиот остров Крит.
Актерот Кристијан Беил ја примил православната вера кога пред 15. години се оженил со Сиби Блажиќ, бивш американски модел со српско потекло.
Пејачот на Дипеш мод, Дејвид Гахан, исто така ја превзел православната вера од својата сопруга со грчко потекло Џенифер Скилаз.
Холивудскио актер Џонатан Џексон е роден  во адветнистичко семејство, но пред три години тој и неговото семејство преминале во православието. Според неговите зборови тој решил да биде со оние кои не зборуваат многу, но даваат предност на молитвата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Изложба на Ива Станковска и Јана Николовска

„Art Exhibitions“ е проект чија цел е да поддржи млади уметници од Македонија и да …