(ФОТО) Херојски подвиг на прилепчанец, пожарникар, кој добил отказ а денес спасил човечки живот од пожар!

31-годишниот Мартин Стојаноски од Прилеп, кој до минатата година работел како пожapникар во Територијалната пpoтивпожарна единица Прилеп, денеска направи подвиг кој долго ќе се памети.
Денеска околу 12. часот во куќа на улицата “Никола Тесла” бр.8 избувна пожap кој ја зафати кујната, а во моментот во куќата останала зapoбена една повозрасна жена.
Соседите пријавиле во ТППЕ, но во меѓувреме пристапиле кон гаснење на пожapoт. На местото се погодил и Стојаноски кој додека соседите го гаснеле пожарот од надвор, влегол во куќата и во последен момент ја спасил жената и ја извлекол на безбедно.


Кратко потоа пристигнала и екипата на ТППЕ.
Стојаноски бил вработен како пожарникар со решение на неопределено работно време до 05.08.2019 година, кога како што вели бил отпуштен од работа од локалната власт.
Младиот прилепчанец од 2015. година професионално ги обавувал своите работни обврски во службата, учествувал во гаснење на многу пожари и секогаш им помагал на луѓето кои биле во опасност.
Денеска одново ја покажа својата пожртвуваност, овојпат како цивил спаси човечки живот!
Нека ова сторија биде апел до локалните власти, затоа што се работи за млад човек кој допрва може и има што да понуди во службата.


Извор: markukule.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …