(ФОТО) ГОРДОСТ – Македонската балерина Стефанија Гаштарска според руски „ФОРБС“ е меѓу осумте идни ѕвезди во Русија…

Не е првпат, но многу годи…
Руското издание на списанието „Форбс“ ја вклучи македонската балерина Стефанија Гаштарска на листата на осумте идни ѕвезди во Русија.

This image has an empty alt attribute; its file name is stefanija-gastarska.jpg


Дваесетгодишната Стефанија почна да се занимава со балет на девет години во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, во класата на Дафина Данилоска-Кочевска. На 15 години замина да учи во државното училиште во Перм (Русија), едно од најстарите балетски школи кои работат по Ваганова методот, а образованието го продолжи во Академијата за балет на Бољшој. На 16 години настапи во Бољшој, играјќи ја принцезата Аурора од балетот „Заспаната убавица“ на балетската гала вечер посветена на кореографот Мариус Петипа, на која настапија 240 претставници од најдобрите балетски школи во Русија.

This image has an empty alt attribute; its file name is stefi-gastarska.jpg


За една сезона изигра седум главни улоги во најголемите класични дела. На гостување во театарот „Михајловски“ во Санкт Петербург играше во „Лебедово езеро“ а критичарите ја споредија со Ана Павлова.
„Мекоста и тежината на нејзиниот танц точно го одразуваат нејзиниот кореографски стил“, вели „Форбс“.


Гаштарска вчера имаше премиера на балетот „Ромео и Јулија“, каде што ја игра главната женска улога.

Фото: Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во МНТ ќе биде изведена претставата „Не се клади на Енглези“

Вечерва во Македонскиот народен театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да …