(ФОТО) ГОЛЕМА СТРАСТ: Американец во текот на животот поседувал 42. автомобили на Волксваген

Љубителите на автомобили обично имаат омилена марка, а еден од нив е Американецот Тејлор Брајант кој во текот на целиот живот имала голем број модели на Волксваген.
Брајант започнал со моделот на Волксваген Буба, популарната Буба, која била неговиот прв автомобил. Од тогаш па се’ до денес, тој поседува дури 42. автомобили Волксваген, и верува дека последниот автомобил што ќе го купи во животот ќе ја носи и етикетата VW.
Неговата приказна ја раскажа Волксваген во Америка, а започнала кога Брајант, како момче од Чарлстон, Јужна Каролина, го посетил изложбениот салон на Волксваген додека возел велосипед и почнал да учи од вработените. Шест години подоцна тој купил Буба произведена во 1961. година за 500 долари откако буквално се заљубил во овој автомобил гледајќи го на семафор. Тој успеал да го убеди сопственикот да му го продаде и така започнала неговата авантура со VW.

Со текот на времето, тој научил многу за автомобилите и се школувал во таа насока, а исто така добил и диплома за автомобилска технологија од Техничкиот колеџ Алкен. Потоа работел како техничар на Волксваген 12. години, поседувајќи разни модели од германската компанија, неколку модели на Голф, Џета и Пасат. Во моментов поседува Џета од 1999. година и нови модели од 2017. година, како и караван Passat од 2004. година.
Следната цел на Брајант е да купи реставриран Karman Ghia од 1967. година, како и нов модел на Атлас затоа што му треба повеќе простор за децата и кучињата.
Неговата страст кон Волксваген имала влијание и врз другите членови на семејството. Тој на својата сопруга и купил кабриолет Голф за петтата годишнина од брак, а првиот автомобил на неговиот син е Џета. Повеќето автомобили биле негови проекти затоа што со текот на времето ги вратил во живот и ги продавал за да собере средства за нови проекти.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …