(ФОТО) Германка згрозена од милијардите што ги наследила и сака преку даноци речиси се да и даде на државата

Траудл Енгелхорн-Векијато починала во септември на 95-годишна возраст и оставила наследство кое се мери во милијарди долари на нејзината внука Марлен Енгелхорн.
30-годишната наследничка, која живее во Австрија, вели дека не е заинтересирана за наследството од хемиската компанија на нејзиното семејство, кое се проценува на 4,2 милијарди долари.
„Сценариото што го посакувам е да бидам оданочена“, изјавила Марлен за The New York Times.
Енгелхорн решила да отстапи 90. отсто од своето наследство, а најмногу би сакала државата да ги земе парите за да ги прераспредели што е можно подобро.

Во интервју за VICE News минатата година, богатата наследничка се осврнала и на своето богатство, велејќи дека „ниту еден маж не треба да има толку многу пари и моќ“.
Знаејќи дека еден ден ќе наследи огромно богатство, Енгелхорн поминала голем дел од последната деценија залагајќи се за зголемени даноци, така што нејзиното богатство ќе биде намалено и прераспределено од државата.
Со оваа цел, Марлен го основала „Tax Me Now“, здружение на богати луѓе од Германија кои бараат поголемо оданочување на нивните приходи и богатство.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …