Искуството на жена која имала клиничка смрт е неверојатно. Таа била мртва 11. минути, а сцените што ги видела тогаш биле неверојатни.
Голем интерес за ова искуство предизвикала приказната за малото момче кое тврди дека го видело Бога. Шарлот Холмс го изненадила своето семејство откако доживеала клиничка смрт. Имено, жената доживеала мозочен удар, по што по три дена колабиралаа, а срцето престанало да и чука. Шарлот била мртва 11. минути.
Лекарите во паника почнале да ја реанимираат, додека таа доживувала неверојатно искуство.
„Бев над моето тело. Можев да ги видам како ми прават компресија на градите. Можев да ги видам сите, мојот сопруг и сите медицински сестри наоколу. И тогаш слушнав музика. И кога ги отворив очите, знаев каде сум. Знаев дека се чувствувам како да сум во рајот“, рекла таа.
„Бев опкружена со прекрасна сцена, а видов и слушнав ангели како пеат неверојатна музика“, додала таа.
Тогаш и се случила неверојатна и многу потресна ситуација. Таа ги видела своите родители кои починале пред многу години, како и братучетката, на која и била ампутирана ногата, како стои на златната врата, на две здрави нозе.
Момчето кое го видела покрај родителите и ја разбудило љубопитноста – не знаела кој е тој. Меѓутоа, слушнала дека Бог и рекол дека тоа е бебето што таа и нејзиниот сопруг го изгубиле пред 40. години.
„Ја погледнав убавината околу мене. Можев да ги видам дрвјата, можев да ја видам тревата. И сè се нишаше на музиката, бидејќи сè на небото му се поклонува на Бога. Не можам да ви кажам како изгледаше рајот, бидејќи е многу повеќе од она што можевме да го замислиме, милион пати. Тука е и најубавиот, најубав мирис, како ништо што сум помирисала досега“, опишала Шарлот.
„Има толку многу што не може да се каже со зборови. Она што мислев дека ќе биде небото, тоа не беше – беше многу поубаво. Мислев дека луѓето само ќе се шетаат во фустани. Но, не беше така. Оние што ги видов беа во обична облека. Има место на рајот каде што се облечени во фустани, веројатно повисоко царство, уште посвето место. Свето место. Беше толку огромно – ми покажа толку многу за краток период време, а јас всушност бев на вратата, не поминав низ неа“, ја продолжила Шарлот својата приказна.
Покрај рајот и убавите работи, таа го видела и пеколот, како и луѓето кои биле во него. Таа глетка многу ја изненадила, бидејќи верувала дека луѓето што ги видела таму се навистина добри.
„Реков: ‘Ова не може да биде’, а Исус ми рече: ‘Може, ако не се промени начинот на живот, засекогаш’“.
„Мислам дека сакаше да им кажам на луѓето дека не можеме да бидеме на оградата, не можеме да бидеме во овој свет на гревот и на небото. Слушнав дека татко ми вели: ‘Имаш време да се вратиш и да го споделиш ова со сите’“, објаснила таа.
Шарлот верува дека во моментов се води духовна војна затоа што сме се поблиску до доаѓањето на Исус, а ангелите и демоните се насекаде – „се приближуваме до крајот на времето и сатаната навистина доаѓа да војува со многу луѓе“, рекла таа, и додала: „Можам да те погледнам право во очи и сигурно да ти кажам: рајот е вистински. И Бог нè сака толку многу. Неговата љубов е толку чиста. Тој не сака толку многу. Ми рече, ‘Однеси ги дома колку што повеќе можеш’“.
Фото: Принтскрин/Youtube/TGR Daystar