Откако во црквата Св. Фране била служена миса за починатата музичка легенда, ковчегот со неговото тело, преку Сплитска Рива,беше пренесен до катамаранот, со кој Оливер последен пат беше превезен на својата сакана Вела Лука.
Кога се приближуваше моментот на поаѓање, 70. факели гореа на брегот (по еден за секоја година живот на омилениот пејач),но исто така и на стотици чамци кои го опкружија катамаранот кој беше придружуван од два воени брода.
Точно според предвиденото време катамаранот со семејството и најблиските пријатели се упати во Вела Лука каде денес ќе биде погребан во 18. часот, според локалните обичаи.
Сплиќани му покажаа на Оливер Дргојевиќ колку многу го сакаат и почитуваат…Како што рече Теди Спалато не памти кога во Сплит бил виден сличен настан…Единствен и оригинален и многу емотивен каков што веше и легендарниот Оливер.