(ВИДЕО+ФОТО Галерија) Сплит и колегите се простија од Оливер Драгојевиќ!

Сплиќани вчера величествено го испратија Оливер Драгојевиќ на последната пловидба.

Откако во црквата Св. Фране била служена миса за починатата музичка легенда, ковчегот со неговото тело, преку Сплитска Рива,беше пренесен до катамаранот, со кој Оливер последен пат беше превезен на својата сакана Вела Лука.


Покрај ковчегот на Оливер одеа Стјепан Хаусер, Томислав Мрдулаш,Теди Спалато и Гибони, кои не престанаа да плачат по целиот пат.Но, тука беа и Тони Цетински, Дорис Драговиќ,Тончи Хуљиќ,Петар Грашо, Горан Каран…


На Сплитската рива последен поздрав на Оливер му испратија десетици илјади Сплиќани, кои со силен аплауз го поздравија својот најдраг пејач .


Oproštaj dostojan legende u Splitu: Oliver kreće na svoju posljednju plovidbuViše na http://bit.ly/2LG0kEZReporter: Mario Matana

Gepostet von 24sata am Dienstag, 31. Juli 2018

Кога се приближуваше моментот на поаѓање, 70. факели гореа на брегот (по еден за секоја година живот на омилениот пејач),но исто така и на стотици чамци кои го опкружија катамаранот кој беше придружуван од два воени брода.

На ковчегот беше фрлано цвеќе, капи и навивачки шалови, а тажната поворка со песна ја придружуваше клапата „Контра“ која на сцената покрај брегот ги изведуваше легендарните песни “Cesaricа”, “Splite moj”, “Moj lipi anđele”, “Još ovaj put”, “Vjeruj u ljubav”, “Moj galebe”…
Погледнете како од воздух изгледаше величественото сплитско испраќање на легендарниот Оливер Драгојевиќ.

Мирно ти море легендо…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …