(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Меланија Трамп денот на вљубените го минала со болни деца

Дечињата уживале во друштвото на шармантната и насмеана прва дама

Половина свет вчера со радост го прославувало Денот на вљубените.
Ружи, парфеми и чоколади биле во рацете на секој втор минувач, но првата дама на Америка овој ден го одбележала на потполно поинаков начин.
Имено, Меланија Трамп вчера ја посетила непрофитната организација Children’s Inn at NIH, во која заболените деца и нивните семејства учествуваат во истржување на различни болести под надзор на Националниот здравствен институт.
Таму со дечињата учествувала во креативната работилница и во рачната изработка на подароци за Денот на љубовта, а ако може да се суди според насмевките на децата, и’ тие бескрајно уживале во друштвото на насмеаната и шармантна Словенка.
Децата и врачиле и подарок – шарено срце на картон со честитка и желби убаво да го прослави Денот на вљубените.
Меланија избрала љубов и кога станува збор за облеката – облекла прекрасен црвен капут, со каиш кој го истакнал нејзиниот струк и црни салонки и само еден прстен.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …