Најекстремната форма на потрага по злато- под речните брзаци на Аљаска!

Дискавери каналот ви ја претставува серијата Златна грозница: Брзаци, од недела, 18. Февруари во 21. часот
Длабоко во срцето на дивината на Аљаска се крие злато, а можат да го пронајдат само оние што се доволно храбри да ја прифатат таа опасна и валкана работа. Во серијата, фаворитите на публиката, Дакота Фред и Дастин Херт одат подалеку од вообичаеното пребарување на злато на поопасни, но потенцијално попрофитабилни видови на рударство. Ќе пливаат под ледени брзи реки, ризикувајќи го својот живот во битката со мразот. Со цел да состават тим од бестрашни нуркачи, планинари и оператори со машини, тие најпрво мора да го привлечат инвеститорот Тод Хофман да ја подржи нивната потрага по злато таму каде што досега никој не се осмелил да бара. Тие го следат изворот на златото во реката која води во планините и напуштени рударски простории, па ќе мораат да нурнат во брзите и опасни речни сливови, кои до неодамна беа недостапни. За да стигнат до локацијата за ископување, ловците на злато, секој ден проаѓаат по 122 м високи кањони и тоа заедно со целата опрема. Да биде уште полошо, нивниот капм е длабоко во земјата на мечките, па минатата година гризли мечките тотално го уништиле. Потрагата по злато е тешка работа и никогаш не се знае кој ќе успее во тоа, а кога имате и почетници во тимот, прашањето е дали вреди воопшто да се ризикува. Следете ја оваа екстремна потрага по злато во недела, 21 часот на Дискавери каналот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) По 50 години кариера – Сузана Манчиќ открила колкава и е пензијата: „Понекогаш можеш да си дозволиш нешто што сакаш, но и да се нема не е страшно“

Сузана Манчиќ, најпознатата лото девојка во поранешна Југославија, проговори за тоа колку пензија добива по …