(ВИДЕО+ФОТО) Лила Филиповска по трет пат решила да каже „ДА“

Иако неколкупати досега изјавила дека тешко би се одлучила повторно да заплови во брачните води, ТВ водителката Лила Филиповска по третпат во својот живот кажа „ДА“ и тоа на најромантичниот ден во годината – Денот на вљубените.
“Дали да кажам да?”, гласи описот на фотографијата на нејзиниот Инстаграм профил, а нејзините обожаватели изгласаа позитивен одговор со 75 отсто. Некои од нив веднаш ѝ посакаа среќа бидејќи им станало јасно дека штом прстенот е на нејзината рака, таа сигурно ја прифатила понудата за брак.

❤️


A post shared by Lila Filipovska (@lilafilipovska) on


Убавата водителка го прославила Валентајн во домашна атмосфера, а од својот сакан кој сè уште останува мистерија за јавноста, добила многу рози во форма на срце и неколку црвени балони.

❤️❤️❤️


A post shared by Lila Filipovska (@lilafilipovska) on

Инаку ова ќе биде трет брак за Лила, а од првиот брак таа го има синот Филип.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …