Радувајте се на викендот: Повторно „високи“ температури

Под влијание на значително потопла воздушна маса која ќе продре од јужните географски широчини за време на викендот кој ни доаѓа ќе има значителен пораст на температурите на воздухот.
Особено на оние максималните дневни температури на воздухот кој ќе бидат над просекот за овој дел од годината и истите ќе се искачуваат во интервалот од 7. до 15. степени додека минималните утрински температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени.
Многу студено утро ќе биде петочно утро кога минималните утрински температури на воздухот ќе се спуштат во интервалот од -8 до 2 степени.Но, затоа денот ќе биде могу сончев.
Сабота ќе биде значително посончева за разлика од недела кога ќе има повеќе облаци но сеуште останува суво времето.
Со оглед на тоа што не се очекуваат врнежи викендот може да биде убва можност слободното време да го минеме на отворено, на планина…на прошетки и забава, најавуаваат од meteomax.mk.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …