(ФОТО) На Џенифер Анистон и пропадна и’ вториот брак:Ќе останат пријатели!

Двојката рекла дека се најдобри пријатели кои се разделуваат како пар, но се радуваат на продолжување на пријателството. Одлуката за разводот била обострана. Иако веста сакале да ја задржат за себе додале дека индустријата на трачеви не го дозволува тоа
Бившата ѕвезда на „Пријатели“, Џенифер Анистон и нејзиниот сопруг Џастин Тиеро вчера откриле дека после нешто помалку од три години брак, се разделуваат.
Анистон (49) и глумецот Тиеро (46) се венчале во август 2015. година.
„Одлучивме да го најавиме својот развод“ објавила двојката во заедничкото соопштение.
„Оваа одлука е обострана“ и донесена кон крајот на минатата година, додале.
Во соопштението не се даваат причините за разводот, а двојката нагласила дека би им било помило кога тоа би останало нивна приватна работа, но дека се одлучиле за објава за да ги редицираат медисумските нагаѓања.
„Ние сме најдобри пријатели кои одлучиле да се разделат како двојка, но кои се радуваат на продолжувањето на нашето драгоцено пријателство. Тоа би го направиле привтано, но бидејќи индустријата на трачеви не ја пропушта приликата да нагаѓа и измислува, сакавме директно да ја испорачаме вистината“ додале глумците.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …