(ФОТО) Фотографирањето завршило КОБНО: Девојката, после гризнувањето на кучето, добила 40. шевови!

Она што се чинело како безопасен дел од фотографирањето на тинејџерка од Аргентина, се покажало како пекол.
Седумнаесетгодишната Лара Сансон од Тукуман се сликала со својот германски овчар, Кенаи, кога куче од ведро небо се свртело и ја гризнало за десната страна на лицето. Сликите што Лара ги објавила на својот профил на Твитер, сведочат за грозоморните последици од овој несреќен настан.


Лара за локалните вести изјавила дека не е сигурна што точно го испровоцирало нејзиното куче.
„Не знам дали му го допрев колкот или така реагираше поради неговата возраст. Можеби го исплашив кога го гушнав“, признава Лара.
На Лара и требала двочасовна операција и 40. шевови. Иако страната на лицето е отечена, девојката се опоравува, пренесува УНИЛАД.

Таа истакнала дека нејзиното куче нема да биде успиено затоа што нападот не бил злонамерен. Ветеринарот во изјава за локалните вести додал дека кучето ја каснало девојката поради возраста и зголемените болки.
Кенаи успеал да ја фати и другата страна од лицето на газдарицата, на што таа и се обратила во еден од нејзините твитови, кој сега има над 11.000 коментари.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 15.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Овој работен ден за повеќето Овни треба да помине без поголеми пречки и …