(ФОТО) Фотографија која го „крши срцето“: Момче ја теши својата сестра која е на умирање!

Фотографијата на која шестгодишниот Џејкоб Сутер ја теши својата две години помлада сестра Аделин наречена Ади неколку моменти пред да умре го расплакала светот.
На Аделин и бил дијагностициран неоперативен тумор на мозокот познат како дифузна интринзична понтина гиом (ДИПГ), откако нејзините родители забележале дека девојчето тешко оди. Минала 33. тури на зрачење кои требало да ги убијат клетките на рак, но тие повторно се појавиле.
Потоа семејството решило да и даде шанса со експериментална кемотерапија во Мексико на што потрошиле повеќе од 200.000 долари, но туморот продолжил да се шири.
На фотографијата која ја снимил татко и на Ади, Џексон го милува челото на својата сестра додека таа ја држи неговата друга рака.
„Детето не би требало да му кажува збогум на својот ’партнер во злостор’, на своето друштво за играње, на својата најдобра пријателка, на својата малечка сестра. Не требаше да биде вака, но ова е уништен свет во кој живееме“ напишал таткото под фотографијата.
ДИПГ е многу редок облик на тумор и е многу агресивен. Најчесто се дијагностицира кај децата на возраст од пет до девет години. На Ади и бил дијагностициран кога имала само две години и е еден од најрано
забележаните случаи. Во целите Соединети Американски држави годишно се дијагностицираат помеѓу 200. и 300. случаи, а не е познато што го предизвикува.
Мет и Шандра, родителите на Ади во ноември 2016. година забележале дека нивната ќерка чудно оди па веднаш ја однеле на преглед.
„Нозете чудно и се лулаа па помисливме дека е нешто ортопедски“ рекла нејзината баба Ен.
„Откако лекарите утврдија дека е ДИПГ ни рекоа да уживаме со неа бидејќи ќе умре“ додала бабата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …