(ФОТО) Кејт Мидлтон ја прогласиле за лоша мајка поради тоа што принцот Џорџ го држи во рака!

Членовите на кралското семејство од мали нозе се наоѓаат под будно око на јавноста, а нивните евентуални грешки и пропусти долго се памтат.
Тоа на своја кожа го почувствувала и Кејт Мидлтон, која поради фотографијата на која принцот Џорџ си игра со пластичен пиштол, била масовно критикувана на социјалните мрежи.
За време на играње во парк принцот Џорџ е фотографиран со детски пластичен пиштол која за време на играта го вперил во другите деца. Иако стнаува збор за детска игра на многумина им пречело што Кејт му дозволува да си игра со нешто што толку наликува на вистинско оружје.
„Ниту едно дете, овие денови, не би требало да се забавува со пиштоли. Ова изгеда премногу стварно“, „Неверојатно е што принцот Џорџ на семеен излет си игра со нож и пиштол“, „Принцот Џорџ си игра со пиштол, а неговата сестра со очила за сонце. Во тоа не гледате никакви стереотипи?“, „Ова не е шега, некои луѓе ги загубија животите бидејќи деца мислеле дека во рацете имаат играчка, а станувало збор за вистински пиштол“, биле некои од коментарите.

Други, пак, сметаат дека ваквите реакции се претерани.
„Луѓето се жалат бидејќи принцот Џорџ си игра со пластичен пиштол. Јас како дете имав пластичен пиштол и не станав масовен убиец. Денес мразам оружје. Оставете го детето на мир и дозволете му да биде дете“, „Принцот Џорџ си игра со пластичен пиштол, па кое момченце не си игра?“, Не гледам проблем во тоа што принцот Џорџ си игра со пластичен пиштол. Ама ајде, ве молам, па то е само играчка. Ионака еден ден ќе научи да користи оружје, токму како неговиот татко и дедо“ тврделе други.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …