(ФОТО) Бившата жена на Ентони Бордеин:„Нашето девојче е многу јако и храбро!“

Отавиа Бусиа Бордеин споделила фотографија од својата ќерка Ариана која облечена во црно настапила на музичкиот фестивал DROM во Њујорк. Истакнала дека ги носела чизмите кои и ги купил татко и…
Ненадејната смрт на Ентони Бордеин ги шокирала неговите пријатели, колеги и фанови, но и членовите на семејството. Бившата сопруга на готвачот-патеписец, ММА борачка Отавиа Бусиа Борден (39) преку социјалните мрежи споделила фотографија од нивната ќерка Ариана (11) која во вторникот вечер, облечена во црно настапила на музичкиот фестивал DROM во Њујорк.


„Нашето малечко девојче имаше концерт. Беше одлична, толку јака и храбра. Ги носеше чизмите кои ти и ги купи. Се надевам дека пријатно патуваш каде и да си“, нпишла Отавиа.

Телото на Ентони било пронајдено минатиот петок во хотелска соба во Франција, а истражителите објавиле дека Бордеин, на возраст од 61. година, извршил смоубиство со бесење. Ариана била единственото дете на Бордеин.
На социјалните мрежи со емотивна порака од готвчот се простила и неговата девојка, италијанската глумица Асиа Аргенто (42).

„Ентони во се што работеше се даваше целиот себе. Неговиот брилијантен и неустрашив дух инспирираше многумина.Беше моја љубов, моја потпора, мој заштитник. Мојата тага не може да се опише со зборови. Неговото семејство е во моите мисли и молам сите да ја почитуваат нивната и моја приватност“ напишала глумицата.
Во јавноста се нагаѓало дали врската со Асиа готвачот и патеписец „го турнала преку работ“.

Art by @ninathedablack

A post shared by asiaargento (@asiaargento) on

Имено пред неколку дена по интернет почнале да се појавуваат нејзини фотографии во друштво со новинарот Хуго Клемент (28). Тие се шетале по Рим, прегрнати, држејќи се за раце, а француските таблоиди напишале дека двојката е во врска, иако тоа никогаш не било потврдено.

Откако фотографиите го обиколиле светот, верните обожаватели на Бордеин ја обвиниле глумицата дека токму нејзината љубовна врска е причина поради која Ентони извршил самоубиство.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …