Четири трикови за убавина кои ги научивме од Меган Маркл!

Сопругата на британскиот принц Хари моментално е една од највлијателните славни дами.
Жените ширум светот изгледаат како неа, се облекуваат како неа, па дури ги копираат и нејзините пегички. Поради тоа сме сигурни дека ве интересира како изгледа нејзината бјути рутина и со кои се трикови се користи, па за вас одвоивме неколку од нив:
1. Петминутна рутина на шминкање
Меган наутро го усовршила брзото шминкање, но нејзината мејкап рутина не е по сечиј вкус, иако е добра за кожата. Во што се состои трикот? Во прескокнувањето на пудрата. Се’ што става на лицето е малку маскара, балзам за усни и малку руменило или бронзер. „Ова е мојот омилен мејк-ап лук“, открила Меган во интервју за Allure.
2. Внатрешен третман на лицето
Во едно интервју за магазинот Glamour, Меган открила кој и е омилен третман за лицето. „Кога ми е потребно длабинско чистење на лицето се препуштам на рацете на стручњакињата Никол Џос која буквално го масира лицето и од внатрешната страна на усната шуплина. Лудо, нели“ рекла новопечената војвотка.
3. Инстант волумен на косата
„Кога косата ќе ми спласне после половина ден минат на сетот само ја наведнувам главата и шприцам малку спреј за текстура и косата во момент е побујна“, открила Меган во едно интервју за Birchbox.
4. Насмевка
И на крај, еден потполно бесплатен трик кој можете да го испробате оваа секунда. Меган во неколку пригоди истакнала дека смета дека сите изгледаат подобро кога се смеат, а со неа и ние се согласуваме. Поради тоа, кога сакате да имате чувство на принцеза само „нафрлете“ насмевка и сетете се на зборовите на Меган.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …