(ФОТО) Фотката на војник кој спасил бебе од снежен метеж го обиколува светот

Северна Каролина ја зафатила јака снежна олуја „Диего“ која предизвикала бројни проблеми.Некои патишта не биле покриени со сол што го отежнувало чистењето, а на жителите им било испратено соопштение да не ги напуштаат своите домови и да останат на сигурно.
Меѓутоа, едно семејство со бебе олујата го затекнала на патот кон дома па морала да интервенира и националната гарда на Северна каролина.
„Се урнаа пет стебла, а столбовите за струја се искривија. Не можевме со автомобил до приодот на куќата. Во куќата беше -1 степен, не можевме бргу да ја загрееме, а екипи на брза помош не можеа да дојдат бидејќи ’заглавиле’ во сообраќајот“, објаснила Џесика Гилберт.


Earlier today a Soldier with the 883rd Eng CO assisted the NC Emergency Management All Hazard Response Team dispatched to Caldwell County transport a baby to Hudson, N.C. Well done!!

Gepostet von North Carolina National Guard am Sonntag, 9. Dezember 2018


Поради тоа на помош во Колетсвил била испратена Национална гарда. Војникот го изнел бебето во седалка од автомобилот, го прекрил со кебе и по снегот го префрлил на сигурно, а целиот призор е забележан на фотографија која разнежнила бројни корисници на фејсбуккои му заблагодарувале на војникот на неговата добрина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на театарската претстава „Не можам да платам, не сакам да платам“

„Не можам да платам, не сакам да платам“ од Дарио Фо, во режија на Владимир …