(ФОТО) Алпска рута: Неверојатна прошетка помеѓу ѕидови од снег високи 20. метри

Поради влагата која ја донесуваат ветриштата од Јапонското море северниот дел од Јапонија е едно од најбогатите подрачја со снег во светот. Еден од трите планинци ланци во јапонските Алпи, Хида, бележи и до 38. метри снег годишно.


Планината Татејама на северот на Јапонија секоја година привлекува илјадници љубопитници кои доаѓаат да видат како изгледаат планинските ланци покриени со десетици метри снег и да се возат по снежните кањони.
Поради влагата која ја донесуваат ветриштата од Јапонското море северниот дел од Јапонија е едно од најбогатите подрачја со снег во светот. Еден од трите планински ланци во јапонските Алпи, Хида, бележи и’ до 38. метри снег годишно.


Тамошните жители смислиле нов начин како да се борат против снегот. Многумина на своите куќи вградиле посебно дизајнирани кровови, некои имаат опрема за греење која го топи снегот од кровот, а други изградиле толку јаки кровови што можат да издржат снег и со дебелина од два метри.
Алпската рута Татејама Куробе која е позната и како Кровот на Јапонија на љубителите на снегот им е една од најсликовитите. Долга е 80. километри и најпопуларна е преку зима кога белиот кањон на Големата снежна долина претставува спектакуларен призор кога ќа напаѓа и до 20. метри снег.


Кога ќе напаѓа толку што ниту патиштата не се гледаат Јапонците тргнуваат на чистење со будложери опремени со ГПС и дувачи на снег кои го исфрлуваат снегот на височина од 15. метри.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …