(ФОТО) МАСИТ и Црвениот крст во хумана акција за бездомните лица!

Традиционално, секоја година Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) организира новогодишна забава за своите членки, партнери и соработници, чија масовност и содржина од година во година расте. Оваа година, забавата обедини повеќе од 300 гости од ИКТ секторот, граѓанскиот сектор, образованието, медиумите и владата, овозможувајќи простор за сумирање на промените кои ги донесе 2018тата година и планирање на целите за 2019та.


Оваа новогодишна забава, темата која доминираше и го обои настанот во вистинска новогодишна атмосфера беше хуманоста. Имено, МАСИТ во соработка со Црвениот Крст на Македонија организираше донација на топли зимски парчиња облека за згрижените семејства во центарот за бездомни лица во с. Чичино, Скопје. Парчињата облека беа донирани од гостите во огромни количини и беа доставени преку екипите на Црвениот Крст во центарот во с. Чичино. На овој начин и оваа МАСИТ новогодишна забава тематски обедини се’ што МАСИТ во моментов преставува: комора за ИКТ индустрија, развојни проекти и хумани каузи.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …