Во Скопје Сити мол во тек е прес конференцијата на Авалон продукција за претстојниот фестивал ALL YOU NEED IS LOVE кој ќе се одржи на 23. декември во ВИП Арената во Скопје.
Како и што беше најавено на фестивалот посветен на љубовта која посебно треба да не грее во пресрет на новогодишните и божиќните празници ќе настапат: Funk Shui, Влатко Стефановски трио и Џибони.
Влатко Стефановски најави дека на фестивалот ќе ја свири „All you need is love“ од Џон Ленон.
Настан кој вљубениците во музиката на Влатко и Џибони сигурно не смеат да го пропуштат.
All you need is love
Gepostet von Ekran am Donnerstag, 13. Dezember 2018