(ФОТО) ФЕНОМЕНОТ НА АТАКАМА – Пустина што цвета – ремек дело на природата

Пустината Атакама во Чиле е површина без вода, составена од солена почва, песок и скаменета лава. Сепак, сето ова престанува да биде важно во вистински услови…


Атакама се смета за целосно неплодна почва поради специфичноста на овој терен и затоа што е заштитена од двете страни од Андите и крајбрежните планини.



Делумно се шири над Антофагаста, регион во кој се мереле просечно три милиметри врнежи годишно, а во историјата е забележано дека тука не врне дожд веќе четириесет години.


Сепак, не е целосно точно дека оваа пустина, која е дури педесет пати посува од долината на смртта во Калифорнија, е неплодна. Најдобар доказ за тоа е цутот, што е резултат на невообичаен сплет на околности.



Климата во Атакама е толку сурова што тука е забележан период од 400. години во кој не паднала ниту една капка дожд. Под понормални услови, помалку од 12. мм дожд паѓа годишно на целиот регион.


Но, кога ќе се појават повеќе врнежи од дожд и кога водата ќе се снајде низ сувата испукана почва до семето на цвеќето кое со години се криеше од врелото сонце, Атакама станува полна со живот со стотици илјади цвеќиња, милиони инсекти и илјадници гуштери и птици.



Климатски, настанот е поврзан со Ел Нињо, што вклучува затоплување на морските струи долж крајбрежјето, што доведува до зголемени врнежи од дожд. А, што се однесува до цвеќето, тука цветаат околу 200. видови, од кои повеќето се ендемични (не можат да се најдат на друго место во светот).


Различни видови цвеќиња растат во различни делови на пустината, а својот врв на раст го достигнуваат помеѓу септември и ноември.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …