(ФОТО) Фановите лути на Рита Ора: Ти знаеш само да отвораш уста!

Популарната британска пејачка Рита Ора, која е родена во Приштина, се избламирала на настапот во Њујорк по повод американскиот Ден на благодарност.


Таа на настапот пеела на плејбек, што твитерџиите не и го простиле. На снимката се гледа како Рита почнува да ја отвора устата само неколку секунди откако е пуштена песната „Let me love you”.

Твитерџиите жестоко ја обвинувале, посебно што таа се фалела дека на настапите секогаш пее во живо.
Во нејзина одбрана застанал музичарот Џон Леџенд.

„Интересн факт. На вакви настани сите отвораме уста бидејќи е едноставно невозможно да се има добар разглас за настани со ваков капацитет. Се надевам дека секако уживавте“, напишал тој на Твитер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …