(ВИДЕО) Дефинитивно заслужува Оскар: Рами до детал „го симнал“ секое движење на Фреди Меркјури!

На интернет се појавило видео на кое се гледа како глумецот Рами Малик во филмот „Боемска рапсодија“, за Фреди Меркјури, до детал „го симнал“ секое движење на фронтменот на групата „Квин“ од антологискиот анстап на Live Aid во 1985. година.


На Твитер налогот @ThisGameIsEasy е објавено видео на кое еден покрај друг се гледаат инсерти од „Боемска рапсодија“ и снимка од Live Aid од 1985. година.


На видеото за споредување може да се види дека Малек до детал го симнал секое движење на фреди.
Малек непосредно пред премиерата на филмот изјавил дека улогата на Меркјури била голема одговорност која со задоволство ја прифатил.

„Не сакате да го имитирате Фреди, сакате да разберете зошто го правел тоа што го правел. Сфатив дека кореографијата не може да ми помогне, ми беше потребен тренер за движења“, рекол Малек објаснувајќи дека за потребите на филмот го вежбал секој поглед, секој гест и секое движење со микрофонот.
Филмот „Боемска рапсодија“ моментално се прикажува во кино салите ширум светот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …