(ФОТО) Фанови претепале човек кој им открил како завршуваат „Осветници“

Наводно, човек во Хоинг Конг е претепан откако на фановите на филмот „Осветници:Крај на играта“, пред киното, непосредно пред проекцијата на тоа остварување, им открил како се завршува.
Како што пренесуваат светските медиуми, непознат маж викал пред киното, откривајќи го дејствието на последното поглавје од франшизата, во кое се поврзуваат сите супер херои на Марвеловиот универзум во конечна борба против семоќниот Титан.
Фотографијата на која се гледа претепаниот и крвав човек, кој чека лекарска помош,го обиколила светот, пишува The Independent.
Режисерите на „Крај на играта“, Џо и Ентони Русо, ги молеле луѓето да не го расипуваат крајот на филмот, од почитување кон фановите кои сеуште не го гледале.


„Затоа што многу од вас вложија свое време, вашите срца и души во оваа приказна, уште еднаш бараме ваша помош“, навеле во изјавата порачувајќи дека „Танос и понатаму ја бара нашата тишина“.
Генерално, фановите тоа го почитувале и се труделе да избегнат читање на спојлерите за филмот.
„Крај на играта“ е големо финале од Марвеловиот свет на суперхерои кое започна со „Железниот човек“ во 2008. година. Настаните кои ги предизвика Танос, кој го уништил половина универзум и ги разбил редовите на осветниците, ги натерало преживеаните Осветници да заземал ултимативна положба во големото финале и тие ќе мораат да поднесат голема жртва доколку сакаат да ја зачуваат нежната стварност…
Критичарите го фалат тричасовниот филмски блокбастер како „супер спектакл“ и достоен крај на планетарно популарната франшиза, пишува Глас на Америка.



Светските агенции вчера пренеле дека „Крај на играта“ ја засенил конкуренцијата со бројни рекорди на гледаност и заработувачка само неколку дена по премиерата.
Како што соопштила компанијата „Волт Дизни“, филмот за само два дена прикажување, само, во Америка заработил 156,7 милиони долари, надминувајќи ги, убедливо, претходните рекордери – филмовите „Војна на ѕвездите:Будење на силата“ и „Осветници: Војна на бескрајот“.
И на глобалниот филмски пазар, како што навел АП, најновиот Марвел остварил рекорд во заработувачката со најплодоносен премиерен викенд, односно заработувачка од 644. милиони долари и така го надминал „Осветници:Војна на бескрајот“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …