(ФОТО) Хрват соборил Гинисов рекорд:106. километри туркал автомобил

Загрепчанинот Томислав Лубенјак го соборил Гинисовиот рекорд во должина на туркање на автомобил, истуркувајќи го цели 106. километри и тоа со брзина од шест километри на час.


Својот потфат го започнал во 15. часот кога била вклучена службената штоперица во следењето на автомобилот во кој секој чекор на Томислав го следеле записничари кои се должни да ја забележат секоја состојба и самиот развој на соборување на уште еден светски рекорд, пренел „Вечерњи лист“.


View this post on Instagram


I said it, I did it What is a man if he does not keep his word? #guinnessworldrecords #gurajdokraja Photographer: Dubravko Miloslavić

A post shared by Tomislav Lubenjak (@lubenjak) on


Целта била за 24. часа Лубенјак да помине повеќе од 100. километри туркајќи автомобил со тежина од 730. килограми – со возач – но тој рекордот го соборил утрото пред очекуваното кога влегол во 83. километар.

Иако рекордот веќе го урнал, тој продолжил да го турка автомобилот, за да во рок од 24. часа дојде до 100.938 километри.
„Драги мои, сите ве поздравувам. Претходниот рекорд е направен во 2014. година, а гласеше 82.828 км. Томислав се обиде да го собори рекордот и премина 106.938 километри за 24. часа… Тој е новиот Гинисов рекордер. Честитам“, рекла на воодушевување на бројните гледачи кои дошле да го поздрават Томислав, претставничката од Гинисовата книга на рекорди и му доделила плакета.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 15.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Овој работен ден за повеќето Овни треба да помине без поголеми пречки и …