(ФОТО) Меланија Трамп, не очекувалка вакви честитки: Интернет се исмејува со нејзината роденденска поза!

Првата дама на Америка, Меланија Трамп, го прославила 49. роденден, а по тој повод Белата куќа и честитала на Твитер, меѓутоа, тоа предизвикало силни реакции.

Имено, наместо да стават слика на која Меланија е весела и со семејството, само како пример, како што и многумина очекувале, роденденската фотографија ја прикажува првата дама како седи сама окружена со армија од фотографи и фоторепортери.
Седела сама на кауч во зелен фустан, а според изразот на лицето би се кажало дека и не била баш многу воодушевена.


„Зошто ја избравте токму оваа фотографија, што сакате со ова да ни порачате“, прашале многу Твитерџии, но набргу, како што тоа и обично бива на интернет, се појавиле разни шеги.


Така набргу се појавиле фотографии на кои Меланија седи на каучот со Трамп, Путин и многу други личности.

Екран.мк
Фото: Twitter/Printscreen

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …