(ФОТО) Ева Лонгорија за МАЈЧИНСТВОТО ВО ЧЕТИРИЕСЕТТИТЕ: „Едноставно требаше да биде со мене во овој период од мојот живот“ 

Актерката искрено проговорила за искуството со бебе на 43 години!
Во текот на изминатите неколку децении, просечната возраст на која жените го раѓаат своето прво дете се зголеми. Се’ повеќе жени раѓаат деца по 40-годишна возраст, додека сè помалку се оние кои родиле пред 20-тата година.
Актерката Ева Лонгорија (48) имаше 43 години кога за прв пат стана мајка. Во 2018 година, таа го роди синот Сантијаго Енрике Бастон.

Актерката, која е во брак со бизнисменот Хозе Пепе Бастон, во интервју за списанието Parents изјави дека четириесеттите години според нејзиното искуство се најдобрата деценија за раѓање на дете. Ева за своето малечко додала:
– Едноставно му беше судено да биде со мене во овој период од мојот живот. Многу сум посмирена и не работам толку, иако можеби не изгледа така!
Сепак, жонглирањето помеѓу родителството и работата не е лесно, без разлика дали сте славна личност или не. Сепак, Ева е многу среќна што има можност да го земе и синот со себе на снимањето за да биде покрај неа.



– Враќањето на работа беше тешко. Доење и на работа… Спиење и неспиење. Сепак, едноставно ќе го нашравиш тоа и готово, признала Ева.
Оваа мајка додала и дека нејзиното малечко нема проблем да се одвои од неа и дека сака да биде во сечија прегратка, што ја прави многу среќна. Таа неодамна објави нова фотографија со наследникот заедно со зборовите „мојот живот“.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …