(ФОТО) Ескимите го предупредуваат светот: „Земјата е поместена, нешто опасно се случува со нашата планета…“

„Нешто опасно се случува со Земјата“  предупредуваатат Ескимите…

Ако се потпреме на сето она што се има случено, и што сe’ уште се случува ширум светот во текот на изминативе неколку години, очигледно е дека бројот на природни катастрофи и елементарни непогоди е значително зголемен.
Некои за тоа го обвинуваат глобалното затоплување, човештвото воопшто и нашиот начин на живеење, додека други се уверени дека сето тоа е само дел од природните циклуси. Во месец јуни, оваа година, се случи едно гигантско предупредување за сите нас – дел од масивен глечер со тежина од неколку трилиони тони, или посликовито опишано четири пати поголем од Лондон, се отцепи и заплови во водите на Атлантикот. Под името A68, монструозниот леден брег од 5.800 квадратни километри се оддели од ледениот дел под називот “Larsen C”. Според извештаите, тоа е еден од најголемите коишто некогаш се одвоиле, а чијшто волумен е двојно поголем од езерото Ири, покажал извештајот на MIDAS.
Дали шестото масовно изумирање е веќе на својот пат?
Според бројни стручњаци, тоа не само што е загрижувачки – туку е и алармантно. Извештаите покажуваат дека глобалното загревање никогаш не било толку опасно како што е денес, а според американските извештаи, во делови од Земјата, просечната температура пораснала и до 5. степени Целзиусови во просек.
Меѓутоа, масивното парче мраз којшто неодамна се отцепи е само почеток, предупредуваат стручњаците, а според некои од нив, на нашата планета во догледно време и’ се заканува сериозен проблем, бидејќи луѓето предизвикуваат масовно биолошко истребување на дивите животни.
Ескимските старешини опоменуваат…
Според ескимските старешини, коишто традиционално важат за одлични временски прогнозери бидејќи живеат во хармонија со природата, изучувајќи доста едноставни, а често занемарени сигнали, тврдат дека проблемот не се состои само во глобалното загревање.
Токму овие домородци во арктичките регони на Канада, САД и Гренланд тврдат дека климата не е виновник за се’, туку според нив, едноставно кажано, “земјата се поместила”.
Предупредувањето го упатиле до светската научна заедница, говорејќи дека „нашата планета се поместила, а небото се променило”.
Ескимите всушност тврдат дека Земјата се “затетеравила”, односно се „навалила” кон северот, што резултирало со “промена на небото”.


„Небото е поинакво”
Старешините исто така ја предупредиле и американската вселенска агенција НАСА дека Сонцето повеќе не изгрева од истото место од кадешто изгревало порано. Тие навеле дека и’ деновите траат подолго за разлика од претходно и тврдат дека се променети позициите на Месечината и ѕвездите, што според нив претставува и’ уште една од причините за промените на температурите и страшните бури коишто во последниов период ја погодуваат нашата планета.
Сите старешини се согласни околу тоа дека за ваквите промени е заслужно поместувањето на Земјата кон север, пренесува порталот Science Journal. Според нив, Сонцето е сега на повисока позиција на хоризонтот па и грее повеќе од вообичаено.
„Нешто опасно се случува со Земјата“  опоменуваат Ескимите…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …